Индија: Поради деформација на главата го нарекуваат “вонземјанин“

од desk2
106 прегледи

Аншу Кумар од Пунџаб во Индија поради чудно изобличената глава го нарекуваат „вонземјанин“, а докторите наводно не успеале да откријат за какво нарушување станува збор.


Аншу очајнички сака да направи пластична операција за да може да се заљуби и основа фамилија, пренесува „Мирор“.

Поради својата мистериозна состојба Аншу има коси очи и многу голема глава, а со тоа не му расте коса, освен на мал дел од тилот.

Бидејќи заработува околу 50 евра месечно, не може да си дозволи да посети специјалисти кои би можеле да ја утврдат неговата точна дијагноза.

https://www.youtube.com/watch?v=WEcxkx2Drek

„Сакам да се дружам со децата од соседството, но најмногу време поминувам сам. Девет часа дневно работам во фабрика. Би сакал да направам операција за да можам да се оженам и да основам семејство. Тоа ми е најголемиот сон. Каде и да отидам, луѓето ме нарекуваат “вонземјанин“. Поради мојата голема и чудна глава ми велат дека не сум од овој свет“ – раскажа Аншу.