“Индипендент”: На Балканот се врши систематско насилство врз децата бегалци

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Деца тврдат дека при минувањето  низ Бугарија полицијата ги тепа, им ги земала и парите и им вели дека нема место во Европа.

Деца бегалци се систематски подложени на тепање од граничните власти или на сила им се наметнуваатѕ многу работи при  обидот да поминат низ Балканот, алармира организацијата “Спасете ги децата”. Според извештајот на организацијата на ден се регистрираат најмалку 30 случаи со деца до 12-годишна возраст, кои биле незаконски вратени “со сила” од Унгарија и Хрватска назад во Србија. “Мигрантите се тепани од полицијата и каснувани  од кучиња,  а ќебињата и обувките им се крадат. На овој начин полицијата цели да се направи преминот што е  можно потешко и непријатно “, соопштува портпаролот на Спасете ги децата Гема Паркин за весникот” Индипендент “.

Според Високиот комесаријат за бегалци на ОН близу 1,600 мигранти од ноември месец наваму биле нелегално принудени да се отргант  од балканските земји. А пристигнатите во Белград се наоѓаат во стапица без да имаат право да го продолжат патувањето и без засолниште. 46% од поминуваат секојдневно бегалци во земјата пак се деца, од кои половината под 8-годишна возраст. Организацијата предупредува уште дека присилната враќање  ги тера повеќето бегалци да ја преминуваат границата со Бугарија низ  шуми и снежни планини во обид да го продолжат своето патување  дејствија што во повеќето случаи завршува со смрт. Преживеани деца пак тврдат дека при минувањето низ Бугарија полицијата ги тепа, им ги земала парите и им  вели дека нема место за нив  во Европа.