Луѓето на Островот се најлоши во Европа со учењето на странски јазици
Истражувањето спроведено за Европскиот ден на јазиците покажува дека Британците се најлоши во Европа со учењето на јазици, пишува “Индипендент”..Обединетото Кралство е еднојазична држава на континентот. Барем еден од тројца кои учествувале во анкетата (35,2%), посочуваат дека Британија е најлоша земја во Европа за комуникација на јазик различен од мајчиниот на граѓаните. На второ место се рангираат Французите за кои гласале 22,2%, следни од Италијанците со 8,1%.
Во спротивниот крај на листата е Холандија, која е дефинирана како земјата чии државјани се справува најдобро со комуникацијата на странски јазици.