Индира Кастратовиќ доби отказ од ЖРК Вардар

од Vladimir Zorba
620 прегледи

Индира Кастратовиќ не е повеќе тренер на женскиот ракометен клуб Вардар. Клубот одлучи да ја прекине соработката со неа, а наскоро ќе биде познато кој ќе дојде на нејзиното место.Кастратовиќ  доби отказ од страна на раководството на македонскиот првак.

Одлуката на ракометарките им била соопштена на денешниот претладневен тренинг и доаѓа по ремито со Ференцварош на домашен терен во Лигата на шампиони.

Засега е непознато кој ќе добие доверба да ја преземе функцијата на Кастратовиќ освен што се знае дека Ацо Станковски останува дел од стручниот штаб.

Кастратовиќ работеше како тренер на Вардар од 2012 година. Од тогаш го предводеше клубот до четири титули во првенството на Македонија, до три во Купот и до три учества на Фајналфор турнирите во ЛШ и во сите три со бронзен медал.