Претседателот на Собранието, Талат Џафери не ја закажал седницата за распуштање на Собранието по барање на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ зошто пратениците ја поднеле иницијативата под старото уставно име на државата, брифираат од Законодавниот дом. До сега, пратениците поднесувале иницијативи, но откако и претходно имаа одбиена иницијатива поради истиот проблем, опозициските пратеници ги доставува своите барања со скратеница, односно „Република С. Македонија“.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски денеска побара претседателот на Собранието, Талат Џафери, да си остане на ветеното и да ја закаже седницата, а со цел Собранието да се распушти до полноќ, со што не би имало простор да се донесе Законот за Јавно обвинителство.
Од друга страна пак, Џафери појасни дека побарал оптимални рокови за распуштање на Законодавниот дом од ДИК, од каде му одговориле дека крајниот рок е на 16. февруари, односно во недела до полноќ, па затоа има простор да се донесе законот кој е клучен за европската интеграција на земјата.
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пак, на прес конференција најави дека е можно нивните пратеници да не се појавуваат на работните места во Собранието, одлука која ќе треба вечерва да ја донесе Извршниот комитет на партијата.
А.Т.