Инстаграм го уништува Вајоминг

од desk2
119 прегледи

Туристичката организација во Вајоминг побара од посетителите да престанат на Инстаграм да се означуваат на познатото езеро Делта, со цел да се заштитат шумите и езерската вода од голем број туристи.


Објаснувајќи го повикот, Брајан Моден, претставник на Организацијата, изјави дека животната средина е „под закана“ од голем број посетители, кои доаѓаат тука за да уживаат во прекрасните пејзажи што ги гледаат на социјалните мрежи.

– Инстаграм корисниците почнаа да објавуваат слики од езерото. Оттогаш почна инвазијата на ова место, истакна Моден.

До пред неколку години, само двајца, тројца туристи оделе дневно до Делта Езерото, а денес 145 луѓе на ден го чинат истото.

– Затоа, се препорачува корисниците на Инстаграм да престанат со означување, со што „ќе ја сочуваат природата“, додаде Моден.