277
Прекрасната кралица на убавината која после вториот обид е крунисана за Мис Украина, минатата недела маѓепса многу нови фанови со жешките јога пози кои ги изведува.
Маргарита Паша, која потекнува од Украина, добила речиси 15.000 евра награда, а ќе има прилика да ја претстави Украина на натпреварот за Мис на светот во Лондон, 14-ти декември.
24-годишната украинска убавица е сè попопуларна и на Инстаграм, каде ја следат речиси 10.000 луѓе. На својот профил ги покажува неверојатните јога пози кои ги изведува и со кои промовира здрав животен стил.
„Спортот е мојата единствена зависност“, напишала неодамна мисицата, позната и по тоа што е импресивна во ритмичка гимнастика.