Интер го смени грбот и ги налути навивачите (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Интер го смени грбот, следејќи го примерот на Јувентус, па навивачите ќе мора да се навикнат на големите промени.

Интер не ја смени кружната форма, но сè е сосема поинакво.

Буквите I и M се специјално редизајнирани, многумина веќе се прашуваа дали е тоа грб на автомобилска индустрија, имаше најмногу негативни коментари, реакции, но како и во случајот со Јувентус, сите веројатно ќе се навикнат со време.

Клубот „зачини“ сè со видео, во кое доминираат Адријано, Роналдо, Лукаку, Фиго и многу други клупски асови од релативно поновата историја на клубот.

Слични содржини