Интервенирале 20 пожарникари: Детали за пожарот кај ТЦ „Мавровка“ (ФОТО/ВИДЕО)

од Берта Китинска

Во пожар ноќеска целосно изгоре кафулето „Фонтана“ во трговскиот центар „Мавровка“.

На 01.05.2020 год. околу 01,50 часот добиена е дојава дека на бул.Гоце Делчев во УО Фонтана има пожар.

По излегување на лице место од страна на УПС од ПС ОН Бит Пазар констатирано е дека УО Фонтана е опожарен односно горниот дел терасата целосно е опожарена. Повредени лица нема. Пожарот е локализиран од страна на БППЗ со 7 возила и 21 пожарникар. Сопственик на УО Фонтана Мевљудин Алити роден 06.03.1986 год. живее на бул.Македонско Косовска Бригада бр.14-Б. Увид се врши на 01.05.2020 год. после 08,30 часот.

 

Слични содржини