За Сојузот на стопански комори листата со пониски цени на 100-тина основни производи која ја најави Владата, е новина.
Според претседателот Трајан Ангелоски, тие сеуште не виделе предлог листа, не знаат кога ќе стартува ниту како ќе се одрази на работата. Останува на ставот дека фокусот треба да остане на Законот за нефер трговски практики бидејќи како што вели, дава многу поширок и подетале опфат.
„И да се донесе мерка за ограничени цени на некои производи, тоа ќе биде од времен карактер и во одредени ситуации каде посои нагло золемување на цените, а такво нешто во моментов нема. Се плашам во одреден момент да не се доведеме во ситуација за еден проблем да даваме по неколку лекови и потоа лековите да дојдат во колизија. Нагласувам дека треба да се внимава да не се доведеме во ситуација со две мерки исто прашање да третираме“, вели Ангелоски за „Локално“.
Според него, реакцијата треба да се насочи во однос на одредени дополнителни трошоци кои ја обременуваат финалната цена на производите, меѓу кои и елементарните- како на пример лебот, млекото, виното, пивото…Во оваа група вели тој се трошоците за наплата на присуство на производ на полица, место во магацин, присуство на рекламен леток итн.
Покрај Законот за нефер трговски практики, ССКМ како следен чекор од Владата го очекува и најавениот кредит од Унгарија, а во рамки на очекувањата се и намалувањето на бирократијата и на царинските стапки.
Владата најави нови, пониски цени на 100 -тина основни производи кои се најчесто купувани од страна на граѓаните во овој период. Дали вашата Комора, дали стопанствениците беа консултирани за ваквата можност?
-Ова е нов момент за нас да се воведе нова листа на производи. Нашето главно внимание е насочено кон Законот за нефер трговски практики бидејќи сметаме дека на еден покруциален начин ќе се влезе во реформирање на целиот тој процес од обезбедување на производот, склучување на адекватни договори кои треба да го следат тој трговски однос па се до елиминирање на наплатата на давачки за кои сметаме дека се тенденциозни. Нашиот став е дека овој Закон ќе ги даде посакуваните резултати. Есенската кошница од 100 производи е друга тема која веројатно Владата од свои мотиви сака да ја воведе и да се влијае во правец на ограничување на цените. Ние сме убедени дека Законот за нефер трговски практики на одличен начин ќе ги регулира цените и трошоците на производите во маркетите и на многу витален начин ќе го постигне очекуваното, да имаме конкурентни производи на рафтовите.
Според најавите листата на производи кои ќе бидат дел од есенската кошничка ќе се дефинира до петок, а потоа ќе следат и предновогодишна и пролетна кошничка.Дали ова всушност значи дополнително поевтинување на производите?
-И ние така го разбираме. Но се плашам во одреден момент да не се доведеме во ситуација за еден проблем да даваме по неколку лекови и потоа лековите да дојдат во колизија. Нагласувам дека треба да се внимава да не се доведеме во ситуација со две мерки исто прашање да третираме. Листата на производи не сме ја виделе , ниту знаеме кога ќе стартува ниту како ќе се одрази на работата. Наш став е дека сепак треба да се фокусираме на Законот за нефер трговски практики бидејќи дава многу поширок и подетале опфат. И да се донесе мерка за ограничени цени на некои производи, тоа ќе биде од времен карактер и во одредени ситуации каде посои нагло золемување на цените а тако нешто во моментов нема. Недостиг или шпекулации нема. Има инфлаторни случаи со некои дополнителни трошоци кои ја обременуваат финалната цена на производот и сметаме дека тука треба да се реагира.Како на пример трошоци за наплата на присуство на производ на полица, место во магацин, присуство на рекламен леток, трошоци кои го обременуваат производот кој е на рафтовите а станува збор за најкористените, елементарни производи како на пример за леб, млеко, вино и пиво.
Дали сите овие мерки на крајот ќе ја постигнат целта да се забави галопирачкиот раст на цените и инфлацијата?
-Треба да му се овозможи на пазарот и на пазарните играчи, конкурентност. Ние континуирано тврдиме дека на нашиот пазар не постои доволна конкурентност и затоа во одреден период се случува цените да се зголемат, надвор од одредена пазарна логика. Пазарот треба да ги регулира цените на производите на адекватен начин, како економски натпревар меѓу економските оператори.
Полека се одбројуваат првите 100 дена од новата Влада. Што би издвоиле на економски план, што се реализираше, што се подобри од економски аспект?
-Не знам дали се погоди временскиот период,беше лето, годишни одмори, но посебна еактивност на економски план немавме. Една од првите мерки со кои треба решително да се зафати Владата е токму овој Закон за не фер трговски практики и најавата за обезбедување на кредитот од Унгарија за инвестиции.Тоа се двете мерки кои ние ги гледаме во моментот а кои се во најавена функција за операционализирање.
250-те милиони евра, во однос на економијата не е голем износ. Треба да ги видиме условите по кои ќе се даваат средствата. Ако тие бидат многу строги, кредитот ќе биде непотребен и неатрактивен. Треба да биде практичен да можат компаниите беа многу бирократија да ги искористат средствата и да инвестираат.Инаку 250 милиони евра како вкупен износ не очекуваме драматично да ја измени економската слика во земјата но во секој случај било каков износ на свежи пари е добредојден и ќе им овозможи на компаниите да инвестираат.
Кои мерки му се потребни на стопанството во насока на олеснување на бизнисот?
-Очекувањата ни се големи. Во однос на бирократските процедури очекуваме решително да се влезе во процес на поедноставување, дигитализација на административните обврски и со едне клик да се завршат многу работи. Ако тоа не се направи, многу други работи ќе останат во сенка на бирократизацијата бидејќи ако работата не можете да ја завршите и таа се влече со месеци и години, било каков процес на сопанисување станува безсмислен. Во однос на царинските стапки ни требаат фер услови. Ако сакаме да играме во европската лига ни требаат европски услови. Во европска лига да се игра со балкански царини кои се 3-5 пати повисоки од Бугарија, Грција, Србија мислам дека едноставно ги елиминира од конкурентност македонските компании. Од таа причина очекуваме Владата да се фокусира на домашните компании. Да не се создава илузија дека можат да дојдат странски компании, странски инвеститори и дека целокупната економска активност треба да се фокусира на странските компании.Тоа во ниедна земја не е случај па нема ни тука да биде така. Странските инвестиции се само дополнување на јазот создаден од недостиг на развојна компонента во македонската економија и не може да биде примарен правец на функционирање на економијата.Мислам дека Владата треба јасно да се ориентира и фокусот да и бидат домашните компании.
Тоа се главните појдовни работи, намалување на бирократијата, намалување на царинските стапки за да навистина има логика да ја лоцирате компанијата во Македонија и тоа да претставува предност а да не биде недостаток бидејќи царинските стапки ви се превисоки.да се игради модерна инфраструктура бидејќи навистина доцниме со тој процес.Сите земји имаат модерна инфраструктура во однос на Македонија и интензивен реформски процес.
К.В.С.