ИНТЕРВЈУ со Биљали: ЕУ одамна ќе ни кажеше „среќен ви пат“, но стравуваат од регионална дестабилизација, под знак прашалник е државотворниот капацитет на власта!

Непредвидливоста стана наш идентификационен белег. Кога зборуваме се деблокада на евроинтеграциите не можеме ништо да предвидиме , тоа е исто како да треба да го предвидиме однесувањето на човек под дејство на алкохол. Светот се престројува, дали тоа Владата го сфаќа, не знам. Ако во нареднте шест месеци не се случат уставните измени, не знам како ќе изгледа крајот на годината – вели во интервју за „Локално“ политичкиот аналитичар Мерсел Биљали.

од Vladimir Zorba
120 прегледи Фото: Фејсбук/Принтскрин

Непредвидливоста стана наш идентификационен белег. Кога зборуваме се деблокада на евроинтеграциите не можеме ништо да предвидиме , тоа е исто како да треба да го предвидиме однесувањето на човек под дејство на алкохол. Светот се престројува, дали тоа Владата го сфаќа, не знам. Ако во нареднте шест месеци не се случат уставните измени, не знам како ќе изгледа крајот на годината – вели во интервју за „Локално“ политичкиот аналитичар Мерсел Биљали.

2026 та ја стартувавме со нова “преписка’ меѓу Скопје и Софија во однос на Акцискиот план за правата на малцинствата. Двете страна си разменија обвинувања.  Дали оваа година може ли да очекуваме исчекор во евроинтеграциите – од кого ќе зависи, од Нас, од Брисел, од Софија?

-Ова е прашање за милион долари или за покојната Баба Вањѓа, оти предвидливоста е одлика за нармално однесување при владеење. А ние од почеток сме такви. Тоа е иста како да предвидувате што може да прави ненормалниот или човек под дејство на алкохол или други средства. Непредвидливост стана наш идентификационен белег. При нормално водство, ние ќе станевме членка на ЕУ меѓу првите држави од социалистичкиот блок, но дневнополитичка манипулација со историски факти е примитивни комплекси направи денес важни фактори во светот да имаат голема дилема дали воопшто имаме минимален потребен државотворен капацитет, а со тоа и дилема дали воопшто заслужуваме да бидеме држава. Ова сериозно се разговара во високи кругова на меѓународната заедница. Замислете 30 години ни беше виновна Грција, Потоа 5 години Бугарија, а утре можеби и Албанија. Така што секој ден загубен е ден во полза на тезата дека Северна Македонија нема потребен капацитет да биде држава. Властите се тука да изнајдат решенија за проблемите, а не да ги проблематизираат решанијата.

Премиерот вели: „Најголем дел од чекорите што требаше да се завршат до крајот на декември се завршени, да видиме што треба да се заврши, да се дозаврши и полека од април да го фатиме чекорот да бидеме најдобри од Западен Балкан. Тоа е нашата цел. Потоа оставаме на самата Европска унија дали ќе дозволи да биде заложник на билатерализација или објективно ќе ги гледа постигнувањата на земјите кои се кандидати за членство“ . Дали навистина е на потег ЕУ ?

-Светот се менува со светлосна брзина. Сега меѓународниот поредок скоро не постои. Гледаме ли ние воопшто што се случува пред наши очи што до пред некоја година беше апсурдно да се замисли. Нема ОН, нема Совет за безбедност, нема меѓународно право. Има закон на посилниот. Ако ова не го разбираме, наскоро ќе немаме држава, а вината апсолутно ќе биде наша, а потоа тоа нема ниту да биде важно. Дали ова е разбрано  или не е од власта – не знам. Владата цело време игра ситно, дневнополитички.  Председателката на државата стана „гатачка“, така што останува да се надеваме на случајната среќата. А таа ретко доаѓа сама по себе. Ако во нареднте шест месеци не се случат уставните измени, не знам како ќе изгледа крајот на годината. А властите не гледам дека реалноста ја гледаат со вистински очи. Кои други постигнувања можеме да ги испорачаме за неколку месеци не ми е јасно. Уште повеќе не ми е јасно кој фактор ќе ги валоризира тие „достигнувања“! ЕУ има “милион“ други проблеми во својот двор и многу други надворешни проблеми како што се Украина и Молдавија. Ние не сме во нивниот радар. А и нема начин да ни помогнат повеќе кога ние го “сатанизираме“ секое нивно залагање, секои нивни напори.

Дали препознаваме „активна “дипломатија за решение со Софија? Албанија ги отвора и затвора преговарачките поглавја со ЕУ, за Молдавија и Украина укинат роамниг за ЕУ, Бугарија стана дел од Еврозоната – зошто нема „политичка“ одлука и за Македонија?

-Бројни европејци се убедени дека ние имаме некоја друга агенда и дека не сакаме воопшто да бидеме во ЕУ.  Па оттука и пристапот кон (не)решавање на проблемите. Се стекнува впечаток дека ние самите посакуваме некој да ни прави пречки оти воопшто не сакаме да бидеме дел од ЕУ. Странците мислат дека С.Македонија е приватна држава на неколкуте поединци – олигарси во Македонија, а на ним воопшто не им одговара ЕУ, која ќе бара критериуми, процедури, ред и закон. За жал, секоја власт им „седнува во скут“. А се друго „патриотско“ е маска во однос на јавноста која цело време е заведена на своја огромна штета! Тоа е апсурд, некој толку долго да ве манипулира и експлоатира, а де не се освестите!

Кај нас дома веќе доминира нарацијата дека ЕУ ни должи Нам а ние повеќе нема што и зошто да отстапуваме. Колку сегашниот политички
однос на ЕУ уште повеќе може да го зајакне евроскетизизмот во земјава?

-Замислете ви доаѓа човек што проси и ви тропа на вратата за милостиња, а ве критикува што лоша куќа или кола имате. А моли за милостина. Ние не сфаќаме дека воопшто не сме и потребни на ЕУ, дури тие посакуваат уште повеќе да се “глупираме“ за да не даваат плус пари при наше интегрирање. Единствено што стравуваат  е дека при распадот на државата, која за жал се движи во таа насока, да не се создаде некоја регионална војна. Да бидат сигурни дека тоа нема да се случи, одамна ќе ни кажаа – „среќен ви пат“!

Јасно е дек ЕУ интеграцијата е блокирана – дали решението е се подалечно?

-Решението е сосема блиску ако сакаме, и многу далечно како во ваква состојба, или непостоечко – ако се распадне државата. А таква катаклизма ни е пред самата “врата“ . Не знам како не го гледаме тоа ?!

Д.А.