Интервју со Зоран Заев: Не ми требаат луѓе кои ми се додворуваат

од Vladimir Zorba

Во интервју со новинарот Борјан Јовановски во емисијата „Ноќно студио“ на „Телма“ премиерот Зоран Заев зборува за работата на Владата, зошто и како дошло до изборот на Венко Филипче за министер за здрвство и зошто последниот предлог на Алијансата на Албанците за ова место не бил прифатлив.

https://youtu.be/yiwmrLpJuDU

Тој е оптимист дека Македонија ќе биде наградена за својата работа и реформите со тоа што ќе добие покана за почеток на преговорите за влез во Европската Унија.

Што се однесува до спорот за името со Грција, Заев одбива јавно да коментира за да не ги загрози положбите на Македонија.

-Верувам дека ќе можеме со целосно задржување на нашето достоинство, затоа што ако го изгубим џабе е се, дека ќе се изнајде решение. Јас сум убеден дека ние заедно можеме да изнајдеме решение. Заврши времето на патриотизми, целиот свет ита напред – вели Заев.

 

Слични содржини