Почетна / Слајдер / Инцидент кај старата градска болница поради удрено дете, интервенирала и полицијата

Инцидент кај старата градска болница поради удрено дете, интервенирала и полицијата

Во близина на болницата за хируршки болести Св. Наум Охридски во Скопје вечерва дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на членови на семејства при претходно случена сообраќајна незгода во која според првичните сознанија било удрено дете, изјавија за МИА од Министерството за внатрешни работи.

Екипи на МВР се излезени на лице место на увид со цел утврдување детали за настанот.

loading...