Инцидент меѓу двајца играчи на Торино (ВИДЕО)

од Vlatko K

Голманот на Торино, Салваторе Сиригу и венецуелскиот репрезентативец, Томас Ринкон, се степаа
за време на тренинг сесијата. Ова стана јасно од видео кое се најде во социјалните мрежи.

Од кадрите е јасно дека конфликтот меѓу двајцата не успеа да прерасне во нешто посериозно
поради интервенцијата на нивните соиграчи. Самиот Ринкон коментираше дека овој инцидент е
редовна пракса меѓу него и Сиригу, со кого има многу добри односи.

„Со Салваторе, ние се караме секоја недела. Такви се нашите односи. Сега, само некој направил
видео. Ние сме добри пријатели со Сиригу, и овие инциденти брзо се надминуваат“, објасни Ринкон
во Инстаграм.

Слични содржини