Исламисти во Босна и се заканија на млада новинарка со горење и силување поради бурка

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Лејла Чолак ја  спореди покриеноста  со користење вибратори 1472713276-1

Младата босанска новинарка Лејла Чолак добила закана за силување, потопување со бензин и горење, пренесува РТРС (Радио-телевизија на Република Српска).Според изјавите на новинарката полицијата започнала истрага против војникот  на босанската армија Мирза Џидиќ, кој има напишано на социјалната мрежа дословно “Нема ли кој да силува најубавата Лејла? лично ќе му платам. Заинтересираните нека се јават …” претходно новинарката Лејла Чолак се изјасни против носењето на никаб и бурка и изјави дека “религиозноста е личен, како и сексуалноста и таа не смее да им  пречи на другите. ” Според босанските изданија исламистите биле навредени најсилно од споредбата што Чолак прави дека” носењето на бурка е како носење на вибратор на улицата. ” Лејла Чолак веќе добила поддршка од голем број новинарски здруженија и организации за заштита на човековите права. Паралелно со тоа во интернет почнала претплата со барањето за линч на младата новинарка.