Италијанската полиција најде Веспа украдена пред 28 години

од desk2
174 прегледи

Правдата е спора, но стигнува, а ова најдобро го опишува случајот со италијанската полиција на која и биле потребни 28 години за да најдат украден скутер.

Вчера, карабиниерите во провинцијата Ферара јужно од Венеција откриле скутер „Пјаџо 50“ што било украден од тинејџер во 1991 година, јави новинската агенција АНСА.

Бизнисмен на возраст од 44 години, стар колку и ограбениот сопственик на Веспата, е обвинет за примање украдена стока.

Полицијата го пронашла скутерот, кој бил целосно сочуван, кога мажот се обидел да го регистрира возилото што го купил за својот 16-годишен син, пренесува АНСА.

Во извештајот се вели дека два мотоцикли, за кои се верува дека биле делови од возило украдено во Неапол во 1995 и 1999 година, биле запленети како дел од истрагата.

Слични содржини