Градоначалникот на италијанскиот град Бари, Антонио Декаро, планира двојно да го зголеми бројот на велосипеди во градот оваа година и ќе започне пилот-проект кој ќе трае четири месеци, за време на кој граѓаните ќе им се плаќа за да одат на работа и да се враќаат дома со велосипед.

На оние кои што со велосипед ќе одат на работа или училиште ќе им се плаќаат по 20 центи за километар, или максимум 25 евра месечно или 125 километри месечно.
,,Со возење велосипед ќе заработите и пари, покрај тоа што е добро за вашето здравје”, вели градоначалникот.
За оние коишто немаат велосипед, градот, исто така, издвои и посебни средства за да им помогне да купат велосипед, а тоа важи и за вработените и за родителите или за децата.