Избран нов медијатор кој треба да ги смири синдикатот и раководството на УЈП

од Nikola Popovski

Претседателот на синдикатот на УЈП, Васе Неданоски денеска информира дека Илија Манасиев е новиот помирувач меѓу Синдикатот и раководството на УЈП. Со тоа во рок од три дена треба да биде свикан состанок меѓу двете страни. До тогаш, вработените продолжуваат со протести во траење од два часа. Ако не постигнат договор, од вторник стапуваат во генерален штрајк.

Манасиев доаѓа на местото на Лазар Јовевски кој побарал иземање затоа што бил во странство и не можел да се врати за три дена, односно во рокот во кој треба да преговара со Министерството за финансии.

Вработените во УЈП веќе три недели протестираат со барање да се почитува колективниот договор и да им се зголемат платите за 30 отсто исто како што тоа беше направено со вработените во Министерството за финансии, на што од Министерството дека е потребно автентично толкување на законот од страна на Собранието и донесување на системско решение за платите во јавниот сектор.

Слични содржини