Изгаснат пожарот во Скопско помеѓу селата Ајватовци, Грушино и Бучинци

од Vladimir Zorba

Целосно е изгаснат пожарот во Скопско што избувна попладнето помеѓу селата Ајватовци, Грушино и Бучинци.

Во гаснењето учествувале три противпожарни возила и 14 пожарникари и четири лица од доброволното протовпожарно друштво од Општина Илинден, како и два авиона „ер трактор“ од Дирекцијата за заштита и спасување.

Центарот за управување со кризи претходно информираше дека е локализиран големиот шумски пожар над велешкото село Отовица, што исто така избувна попладнето, на локација на која и завчера имало пожар.

Со пожарот е зафатена поголема површина на борова шума на непристапен терен, а во гаснењето исто така интервенираа авиони од ДЗС, како и 20-тина пожарникари од ТППЕ Велес со противпжарни возила, вработени од ЈКП„Дервен“ и месното население од селото.

Слични содржини