Изготвувала лажни фактури за данок на имот за нејзиниот брат

од Nikola Popovski

Полицијата информира дека вработена во Општина Радовиш изготвувала лажни фактури на име на нејзиниот брат за наводно плаќање данок, при што тој девет години избегнал да плати данок на имот.

Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против М.Т.(59) од Радовиш, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „компјутерска измама“. Пријавената, на работно место самостоен референт во Општина Радовиш, за нејзиниот брат И.Т. книжела фиктивни уплати за данок на имот, без за нив да постојат изводи, односно уплати.

При извршен увид на финансиска картичка за даночен обврзник И.Т., за период од 2009 до 2020, како и во изводите за извршени уплати на општинска сметка, финансиската картичка и изводот на промет и состојба на сметката на Општина Радовиш, полициски службеници констатирале дека уплатите прокнижени на финансиската картица од 2011 до 2020, односно во изводите на ниту едно место не фигурирало името на И.Т. како уплатувач.

Слични содржини