Цртеж на австрискиот сликар Густав Климт, кое исчезна од музејска колекција, најдено е кај неодамна почината секретарка.

Цртежот “Zwei Liegende” (“Две повлечени фигури”) е едно од четирите дела на Климт и пионерот на виенскиот модернизам Егон Шиле што беа во центарот на легална битка меѓу градот Линц и колекционерката Олга Јегер.
Јегер ги даде делата на музејот во Линц на долгогодишно чување во 1951 година.
Но, нејзините наследници во 2006 година побараа тие да им бидат вратени, но не можеа да ги најдат.
Го тужеа градот и по долга правна битка беа обештетени до 8.21 милиони евра.
Сега властите на градот велат дека цртежот на Климт е најден.
Секретарката го однела делото и го скрила, пред некому да каже каде е.
Од следниот месец делото ќе биде изложено и ќе биде достапно на јавноста.
Потоа ќе биде вратено на наследниците на Јегер, ако тие го вратат обештетувањето.