Излегуваат нови детали за средбата Зеленски-Трамп: Украинците инсистирале на разговор лице в лице

од Даниел Ѓорѓиевски
238 прегледи

Нјурок Пост објавува дека специјалниот пратеник за Украина и Русија Кит Келог се спротивставил на средбата лице в лице помеѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски, но шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак инсистирал договорот за минерали да биде потпишан на овој начин.

Висок американски функционер изјавил за весникот дека Келог извршил притисок врз Зеленски договор за рударски права со САД да биде потпишан за време на посетата на претставникот на Киев минатата недела, но Јермак инсистирал на тоа дека договорот треба да биде потпишан во Овалната соба во петок.

По тридневни интензивни преговори, Келог го известил Трамп дека  долгоочекуваниот договор со Украина може да биде потпишан.

„Келог и Зеленски се согласија за договор со уште една точка која треба да биде финализирана“, известува американски претставник за разговорите, кои завршија на 21 февруари.

Според Пост, по разговорот, Јермак, шефот на кабинетот на претседателот на Украина, инсистирал Зеленски да го посети Трамп во Белата куќа каде требаше да биде потпишан договорот. Според пишувањата на Пост, Келог бил подготвен да се откаже од преговорите  без да му го претстави на Трамп, меѓутоа, претставниците на Зеленски во последен момент го „смениле курсот“ и ги доставиле документите до претставникот на САД.

Преку прес-конференцијата во средата, Зеленски потврдил дека бил поканет во Белата куќа, „но не е јасно дали мислел на постојана понуда или дали поканата била упатена специјално за потпишување на договорот“ пишува Пост.  Од Пост исто така брифираат дека неколку украински извори сметаат дека дека тимот на Володимир Зеленски принудно ја посетил Белата куќа.

Од весникот брифираат со извори блиски до Трамп  кој сметаат дека  „Зеленски играл на погрешна карта”. Весникот се повикува на истиот извор кој исто така, ја критикувал одлуката на Зеленски да не носи костум на состанокот во Белата куќа.

 

 

Слични содржини