Изложба „Москва денес“ во Музејот на Град Скопје

од Vladimir Zorba
123 прегледи

   Изложбата која го отсликува современиот урбанистички изглед на руската престолнина „Москва денес“ вечер ќе биде отворена во Музејот на Град Скопје.

„Москва денес“ се базира на официјалните фотоматеријали доставени од Град Москва. Пред посетителите ќе бидат претставени реновирани знаменитости по кои е позната Москва низ светот, уникатни архитектурни и инфраструктурни проекти изградени во Москва во последните неколку години, како и можностите за развој на туризмот, спортот, образованието и културата што ги нуди еден од најголемите градови на земјата.

Изложбата се одржува во рамки на одбележувањето 24 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Руската Федерација и Република Македонија. Организатори се Град Скопје и Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија.