Измени и дополнување на неколку законски измени пред народните избраници

од Берта Китинска

Денеска во Законодавниот дом треба да одржат комисиите за образование, наука и спорт и за европски прашања.

На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт се измените и дополнувањата на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта и на Законот за Бирото за развој на образованието, двата во прво читање.

Пред членовите на Комисијата за европски прашања се измените и дополнувањата на Законот за инвестициски фондови во прво читање и измените и дополнувањата на Законот за квалитетот на амбиентниот воздух, во второ читање.

Слични содржини