Оние лица кои во моментов се сместени во Пепелиште ќе бидат преместени на нова локација во текот на денешниот ден, велат од Министерството за одбрана, откако сместените таму се пожалија дека се во лоши услови.
„Како што известивме вчера, Центарот за обука во Пепелиште е само привремен простор каде треба да се извршат епидемиолошките прегледи согласно медицинскиот протокол. Тимот на Министерството за здравство утрово ќе ги заврши прегледите по што веднаш лицата ќе бидат преместени во реновираниот Завод во Демир Капија“, велат од МО.