Се верува дека племето Џарава од Андаманските острови веќе 55 илјади години живее во својот дом во Индискиот Океан. Патот што минува низ нивната територија носи многу странци, поточно туристи кои кон племето се однесуваат крајно неодговорно, како кон животни во сафари парк, пишува National Geographic.

Околу 400 припадници на номадското племе Џарава живеат по групи од 40 или 50 луѓе. За лов користат стрели, а се хранат со свињи, желки и риба. Собираат овошје, диви корени и мед. Медот го собираат од високи дрвја, а додека го прават тоа пеат песни за да искажат благодарност. За да бегаат пчелите од нив, народот Џарава џвака листови од дрва, а потоа со добиената течност ги прскаат пчелите.
Во 1998 година неколку припадници на племето за првпат излегле од шумите за да го посетат најблиското населено место. Но, племето решава да живее изолирано, без допир со цивилизацијата. Патот што минува низ нивната територија носи многу странци, поточно туристи кои кон домородците се однесуваат како кон животни во сафари парк. Локални жители и меѓународни ловџии упаѓаат во нивните шуми и крадат храна и животни, потребни за опстанокот на племето.

Домордците немаат имунитет и не се отпорни кон заразни боелсти, во 1999 година и во 2006 година претрпеле епидемија на морбили, болест која уништила многу племиња ширум светот поради контакт со странци. Жените од племето често се злоставувани од ловци, доселеници, возачи на автобуси и други.
Главната закана започна од изградбата на автопат низ нивната територија во текот на 70-тите години на минатиот век. Во октомври 2017 година властите го отворија долгоочекуваниот алтернативен морски пат до островот Баратанг, пат кој треба да го запре човечкото сафари. Во последните години се уапсени многу ловци, но ниту еден не е осуден иако казната за ваквиот престап е до 7 години.