Израел нападна цели на Хамас пред да стапи на сила прекинот на огнот: „Терористите се убиени“

од Stefanija Kuzmanovska

Армијата на Израел нападна цели на исламистичкиот Хамас во Појасот Газа непосредно пред да стапи на сила договорениот прекин на огнот, објави армијата.

„Војниците го уништија тунелот од кој утрото излезе терорист на Хамас и пукаше во војниците“, објавија израелските одбранбени сили (ИДФ) на Телеграм.

ИДФ: Терористите се убиени, а зградата уништена

„Армијата наиде на терористи и оружје во зграда која ја користеше Хамас. Терористите беа убиени, а зградата беше уништена“, додаде армијата.

Рано утринава израелската влада и Хамас постигнаа договор за четиридневен прекин на огнот и ослободување на десетици заложници во замена за ослободување на палестинските затвореници во израелските затвори.

Точниот почеток на прекинот на огнот треба да биде објавен во рок од 24 часа, наведе Катар, кој посредуваше во договорот.

Слични содржини