Израел објави рок за Хамас до кој мора да бидат ослободени сите заложници

од Stefanija Kuzmanovska

Членот на израелската воена влада, Бени Ганц, предупреди дека доколку Хамас не ги ослободи сите заложници во Газа до 10 март, ќе започне офанзива на Рафа.

Ова е првпат Израел да објави кога неговите војници би можеле да влезат во преполниот град на југот на Газа, јавува Би-Би-Си.

Расте глобалното противење на таквиот напад во Рафа, каде што се засолниле околу 1,5 милиони Палестинци.

Претходно, агенцијата за јавно здравје на ОН соопшти дека клучната болница во Газа престанала да работи по израелскиот напад.

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека не е дозволено да влезе во болницата Насер во Кан Јунис, северно од Рафа, за да ја процени ситуацијата.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) влегоа во комплексот во четвртокот, велејќи дека разузнавачките информации укажуваат дека таму се држат заложници земени од Хамас.

ИДФ ја опиша својата операција во Насер како „прецизна и ограничена“, обвинувајќи го Хамас дека „цинично ги користи болниците за терор“.

„Светот мора да знае, а и лидерите на Хамас мора да знаат дека ако нашите заложници не се дома до Рамазан, борбите ќе продолжат насекаде, вклучително и во областа Рафа“, рече Ганц, поранешен министер за одбрана.

Слични содржини