Израелците разнеле магацин со лекови во Ал Шифа: Однесени 200 лица со превез на очите

од Stefanija Kuzmanovska

Зградата на болницата Ал Шифа во Газа беше тешко оштетена откако израелската армија (ИДФ) разнесе магацин со лекови и медицинска опрема, пренесува „Ал Џезира“.

Според извештаите, уништени се сите прегради, ѕидови меѓу собите и целата медицинска опрема.

Некои медиуми јавуваат дека биле сослушани и одведени околу 200 лица со превез на очите, а нивната судбина не е позната.

Израелскиот портал i24news објави дека ИДФ ја проширува својата операција во Ал Шифа, најголемиот болнички комплекс во Појасот Газа.

Слични содржини