Израелската армија нападна индонезиска болница во Газа, загинаа најмалку осум лица

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку осум лица загинаа во напад на израелските одбранбени сили (ИДФ) во текот на ноќта врз индонезиска болница во Појасот Газа, јави „Ал Џезира“.

Претходно, телевизискиот канал, повикувајќи се на очевидци, објави дека израелската армија ја опколила индонезиската болница во Газа и ја гранатирала областа.

Главната операциона сала е уништена, изјавил болнички извор, додавајќи дека најмалку двајца лекари се повредени.

Слични содржини