Израелската армија погоди инфраструктура на сириската армија

од Stefanija Kuzmanovska

Израелската војска утринава соопшти дека израелски воени авиони погодиле инфраструктура на сириската армија и лансирале минофрлачки ракети како одговор на нападите од Сирија врз Израел претходниот ден.

Војската не објави детали за нападите, објави „Ројтерс“.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) синоќа соопштија дека од Сирија биле истрелани две ракети кон северниот дел на Израел и дека возвратиле со оган. Како што е наведено, сирените за воздушен напад се огласиле во градовите Неот Голан, Бнеи Јехуда и Гиват Јоав на Голанската висорамнина, пишува The Times of Israel.

Според соопштението, двата проектила паднале на ненаселено место.

ИДФ соопшти дека одговорила со артилериски оган на ракетите од Сирија.

Голанската висорамнина е област на границата меѓу Израел и Сирија, од кои две третини Израел ги анектираше по Шестдневната војна во 1967 година, додека источната третина остана дел од Сирија.

Слични содржини