Израелците на чекор од вакцина, научниците тврдат: Лекот за коронавирус ќе биде готов за 90 дена!

од Aleksandar Petrovski

Израелските научници велат дека првата вакцина против коронавирус ќе биде претставена за само неколку недели.

Лекот, наводно, ќе биде достапен 90 дена по завршувањето на потребните тестови.

Научниците од институт за истражување Галилеја „МИГАЛ“ рекоа дека работат на вакцина против вирус на инфективен бронхитис (ИБВ) кај перјасти животни. Вакцината беше тестирана во Институтот за ветеринарство и велат дека се покажала ефикасна.

Д-р Чен Кац, лидерот на тимот за биотехника МИГАЛ, вели дека нивниот основен концепт е развој на технологија, а не специфично вакцина за овој или оној вирус. Оралната вакцинација предизвика високи нивоа на специфични антитела против IBV во испитувањата. Научниците велат дека доколку можат да го „прилагодат системот поврзан со коронавирусот“ од кај живината за луѓето, што ќе го направат за неколку недели, ќе имаат вакцина за спречување на коронавирус.

„Сè што треба да направиме е да го прилагодиме системот на нова секвенца. Сега сме во средина на овој процес и се надеваме дека за неколку недели ќе ја имаме вакцината во рацете. Да, за неколку недели, ако ова успее, ќе имаме вакцина што го спречува вирусот” истакна д-р Кац.

Главниот извршен директор на МИГАЛ, Дејвид Зигдон, рече дека тие ќе прават сé што можат за да го забрзаат развојот на вакцината, со оглед на итната глобална потреба за тоа.

Слични содржини