„Ја изгубив и таа малку почит кон Погба“

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити и репрезентативец на Англија, Мика Ричардс остро го критикуваше играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Пол Погба.

Имено, Французинот дојде на собирот на својата репрезентација со изјава дека пристигнал да „вдише свеж воздух“ по обврските на клубот.

„Погба мора да покаже малку почит кон Манчестер Јунајтед“, рече Ричардс во емисијата на Би-Би-Радио 5 и продолжи:

„Сите порано се согласивме дека неговиот агент не треба да зборува во негово име, но да оди на репрезентативен собир каде што игра многу подобро отколку во клубот, а потоа да создава проблеми во тим што покажа голема доверба кон него – мислам дека тоа е непочитување. Јас не сум од оние кои ќе се согласат со Погба за некои работи, сепак сметам дека тој треба да остане во Јунајтед, и понатаму сметам дека е доволно добар за да го одведе тимот на повисоко ниво, ако е доволно фокусиран за тоа. Но, ја изгубив и таа малку почит кон него кога ги кажа тие работи, особено што знае колку е голем, не само на теренот, туку и надвор од него“.

Во последно време Погба не беше во преден план кај Оле Гунар Солскјер, а повеќето важни натпревари ги минува на клупата.

„Тој знае дека има многу проблеми околу него и околу (не) играњето за Јунајтед, бидејќи тој е на клупата … И, потоа, ги коментира тие работи од далечина. Мислам дека ова е првпат да го критикувам Погба. Ако така се чувствувате како играч, одите кај менаџерот и разговарате со него, му кажувате сè. Не го правите тоа на репрезентативен собир“, подвлече Ричардс.

Слични содржини