Јакоо! Победата на Хрватска во БиХ се прослави со срспко ужичко коло !?

од desk4
126 прегледи

 

Победата на Хрватска во осминафиналето на Светското првенство беше прославена секаде низ екс Југославија, ама следново   е за рубриката   „ Веровале или не “ !

По Хрватска најжестоки прослави беа во градовите  на поделената Босна и Херцеговина, ама едно несекојдневно славење го привлече вниманието на целиот регион  на Западен Балкан.

Овој клип беше направен минатата ноќ во Нов Травник, град Херцег Нови, каде што триумф на “Коцкастите ” над Данците – во време кога Загреб се бори против народната музика и “фолкерите”  – не се славеше со национален  ниту виенски валцерили танц!

Туку онака тврдо разропано  Ужичко!

Порталите и колегите во регионот искоментираа  дека – во Босна и Херцеговина, победата на Хрватска беше прославена во стилот на братство и единство по југословенски или во име на соживотот.

Да потсетиме, Хрватите минатата ноќ во осмиот финален натпревар на Светското првенство во Русија, подобра изведба на казните, ја елиминираа Данска и ги освоија четврт-финалето во кое ги чека токму домаќинот на  Мундијал – Русија.

 

А тоа изгледа точно вака:

 

https://youtu.be/ex2giE0P3rs