Јаков Милатовиќ инаугуриран за претседател на Црна Гора

од Stefanija Kuzmanovska

Заврши свечената церемонија на инаугурација на новоизбраниот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. Тој денеска положи заклетва во црногорскиот парламент и стапи на должност претседател на државата.

По заклетвата, Милатовиќ во својот говор рече дека за него е голема чест и гордост што ја презема должноста претседател на Црна Гора.

„Длабоко сум свесен за одговорноста која ми ја даде огромната доверба искажана на изборите, ќе бидам вистински претседател на сите граѓани независно од нивната политичка, национална и верска припадност или било која друга лична карактеристика“, рече тој.

Во собраниските клупи, на свечената седница, веднаш до Милатовиќ седеше досегашниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ. Меѓу гостите на церемонијата беа поранешниот претседател на Црна Гора, Филип Вујановиќ, поранешните премиери Здравко Кривокапиќ и Игор Лукшиќ.

Слични содржини