139
Лесно е кога си далеку од проблемите – напиша поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска на Фејсбук, како одговор на постот на социјалните мрежи на побегнатиот премиер Никола Груевски.

-Кога си далеку од проблемите, на 800км од Македонија лесно е на социјалните мрежи да кажуваш што е лесно а што не е, при тоа амнестирајќи се од сите проблематични одлуки за кои секогаш одговорен е некој друг и игнорирајќи ја реалноста дека Македонија е таму каде што е денес, меѓу другото и заради бројните испуштени шанси во минатото, напиша Јанкуловска.