Јапонецот од МВС се извини: Не пораснал девет, туку два сантиметри

од desk4
95 прегледи

– Јапонскиот астронаут Норисиге Канаи, кој изминативе денови беше хит поради својот наводен раст од девет сантиметри, се извини за грешката во мерењето и „лажните вести” кои ги објавил.

Претходно, Јапонецот на Твитер напиша дека за три седмици, колку што престојува на Меѓународната вселенска станица, тој „пораснал“ за цели девет сантиметри.

Канаи (41), на кого ова му е прва мисија на МВС, дури изрази и „загрженост“ поради драстичниот раст. – Пораснав како билка за само три недели… Сега не знам дали ќе ме собере во Сојуз (капсулата) што ќе ме превезе дома, напиша Канаи меѓу другото.

Но, во последната своја објава, тој објаснува дека одговорниот во тимот, рускиот астронаут Антон Шкаплеров, се сомневал во резултатите, па го повториле мерењето. Така се утврдило дека Канаи е само два сантиметра повисок.

И Јапонската агенција за аеровселенски истражувања (ЈАХА) појасни дека во Вселената, растот на еден човек, поради немањето гравитација, обично се зголемува за еден до два сантиметра, во екстремен случај – пет, но не и повеќе.

Јапонецот Канаи, Русинот Шкаплеров и американскиот космонаут Скот Тингли пристигнаа на МВС на 19 декември 2017 година.