Јасновидецот што ја предвиде победата на Доналд Трамп на минатите претседателски избори во САД, ги откри своите предвидувања за најважните случувања во 2018 година, пренесоа британските медиуми.

Крег Хамилтон Паркер, самонаречен јасновидец од Велика Британија, уште во 2016 година предвиде дека Доналд Трамп ќе ја порази Хилари Клинтон на американските претседателски избори. Сега тој предвидува пад на режимот на Ким Јон ун во Северна Кореа, со револуција, во која севернокорејскиот народ сам ќе го симне од власт.
Хамилтон Паркер за 2018 година предвидува терористички напади во Велика Британија и во Европа и напад со хемиско оружје на една европска престолнина.
Ги предвиде и терористичките напади во Ница, како и резултатот од Брегзит референдумот и одлуката на народот на Велика Британија за излез од ЕУ.
Хамилтон Паркер на својот блог ги објави предвидувањата за следната 2018 година и ги подели во пет категории.
Климатски предвидувања
Вулканот Везув во Италија ќе еруптира и Неапол ќе биде евакуиран.
Ќе порасне сеизмичката активност, вклучително и подрачја кои од голем земјотрес не биле зафатени 1.000 години. Еден од поопасните земјотреси го очекува Нов Зеланд.
Јужните мориња ќе бидат делумно невозможни за пловидба поради откинување на огромно парче мраз од Антарктикот.
Ќе има големи шумски пожари во Калифорнија и во Австралија, како и поплави во Индија и во Кина.
Ќе има рекорден број урагани на Карибите.
Светски војни и терористички предвидувања
Ќе пропадне ембаргото за трговија со Северна Кореа и САД ќе изведат напад на железничка пруга и мост за да го спречат увозот во таа земја.
Ким Јонг ун ќе биде симнат од власт од неговиот народ и тој ќе исчезне, а ќе се појават претпоставки дека ќе пребега во Кина каде ќе води таен живот.
Ќе избие епидемија на грип на светско ниво, можно да биде поврзана со биолошка војна која ќе ја покрене Северна Кореа или терористичка група.
Јапонија ќе плати на САД изнајмување на ракетен одбранбен штит.
Украина ќе биде обвинета за илегална продажба на ракетно оружје и нуклеарна технологија.
Ќе се открие и ќе се спречи масовна измама во биткоин криптовалутата, со која има намера да се финансира тероризам и војна. Угледна американска компанија ќе биде вмешана во тој скандал.
Терористите ќе извршат воздушен хемиски напад со повеќе дронови во една европска престолнина. Нападот би можел да се случи во Берлин или во Лондон или дури и во двата града.
Хемискиот напад на училиште ќе биде спречен во последен момент.
Економски предвидувања
Ќе има економска криза во Италија и многумина ќе останат без покрив на главата.
Еврото нагло ќе паѓа на крај на 2018 година и влезот во 2019 година. Ќе има големи нереди поради тоа.
Слабеењето на еврото ќе ја погоди Велика Британија и САД; но тие земји брзо ќе се опорават и фунтата и доларот ќе станат сигурно прибежиште за странските валути и вложувања.
Данска и Италија ќе излезат од ЕУ по големиот пад на еврото.
Предвидувања за САД
Обидот да се отповика Доналд Трамп на местото претседател во средината на 2018 година ќе пропадне, а тој за возрат ќе стане попопуларен.
Трамп ќе покрене огромна трговска спогодба меѓу САД и Велика Британија пред самиот Брекзит со што ќе ја вознемири ЕУ. Спогодбата ќе вклуќи и вооружување, услуги на висока технологија и автоиндустријата.
Ѕидот на границата со Мексико нема да се изгради. Ќе го сочинуваат сензори и дронови место тоа.
САД ќе ги изгуби трговските односи со Азија, а Кина и Русија ќе формираат воена и економска соработка како одговор на севернокорејската криза и ам ериканскиот протекционизам.
Мина и терористички напад ќе биде причина за потопување на воен американски брод.
Доларот нагло ќе падне во февруари, но брзо ќе закрепне.
Меланија Трамп заедно со внуците ќе сними песна со која ќе собираат средства за добротворни цели.
Ќе има голем пожар во Лас Вегас.
Предвидувања за Велика Британија
Ќе се случи тежок Брегзит но, под притисок на Германија, Европа ќе попушти во последен момент и ќе дозволи трговска спогодба. Жан Клод Јункер во целата приказна ќе ја изгуби функцијата и ќе се повлече од политиката.
Ќе бидат организирани бројни штрајкови во Велика Британија, со поддршка на шефот на лабуристите Џереми Корбејн, кој за возврат ќе ја изгуби поддршката на гласачите.
Тереза Меј ќе остане на власт.
Велика Британија ќе просперира покрај економските проблеми во светот.
Многу високотехнолошки компании ќе се преселат во Велика Британија. Земјата ќе стане водечка во светот на иновациите и така ќе биде откриен нов извор на производство на енергија во 2018 година.
Принцот Хари ќе се вери.
Ќе основа нова политичка партија.
Ќе се случи терористички напад на еден од британските патишта, каде вооружен напаѓач намерно ќе предизвика сообраќајка и ќе пука во возилата што доаѓаат.
Псевдонаука и шарлатанство
Крег Хамилтон Паркер кој е контроверзна личност во Велика Британија беше под лупа на науката, па Ричард Докинс во документарецот „The Enemies of Reason“ (Непријатели на разумот) која се занимава со уверувања кои немаат темел во науката и не се докажливи, но успеваат да ја држат јавноста во заблуда, го разоткри и Хамилтон Паркер.
Докинс кој ја посетил духовната црква на Хамилтон Паркер, кој пак тврди дека комуницира со мртвите за што нема докази, откри дека луѓето кои го посетуваат се опседнати од неговиот перформанс и тешко се помируваат со фактот дека нивнит најблиски веќе ги нема. Како последица на тоа, тие луѓе редовно одат на сеанси кај Хамилтон Паркер.