Јазбец: Новата коалиција ќе има многу големо мнозинство во собрание, тоа е добра основа да се забрза европскиот пат

од Nikola Popovski

„Во политиката, во принцип секоја промена, е добра, бидејќи треба да донесе нешто ново. Ако се случи тоа, ќе видиме на крајот на мандатот. Тоа е едната работа, а другата работа – колку што следев, оваа нова коалиција ќе има многу големо мнозинство во парламентот, во собрание. Значи, тоа е добра основа да се забрза европскиот пат. Тоа мнозинство досега не беше, значи во таа смисла ситуацијата е подобра и ќе биде полесно, ако сега продолжи таа политика. Не знам, тоа ќе го видиме“ рече амбасадорот Милан Јазбец, поранешен словенечки амбасадор и во нашава земја во интервју на Слободен печат.

Тој додаде дека го познава и идниот претседател на владата и претседателот на државата, и дека не гледам некои причини да не биде така.

„Тука, во принцип, би додал уште една работа – во политиката, колку што ја знам политиката, е релативно лесно да се победи, не смеат сега политичарите да ми забележат за таа е констатација, но многу потешко е да се владее. Затоа што, владеењето значи да се има многу јасна програма, детална програма, широка програма и многу луѓе кои работат на програмата“, потенцираше Јазбец.

Тој смета дека е секогаш тешко во секоја политика и дека во државата нема да биде лесно поради оваа голема промена.

„Но, треба да се очекува тоа. Јас мислам дека и медиумите и јавноста треба да го изразуваат ова очекување, бидејќи сум сигурен дека и европските институции, особено ЕУ очекуваат некаков напредок понатаму, по членството во НАТО треба да се забрза ова“, заклучи Јазбец.

Слични содржини