ЈСП Скопје демантира: „33“ не вози оти автобусот е технички неисправен

од Nikola Popovski
144 прегледи

ЈСП Скопје демантира дека автобусите на линија „33“ не сообраќаат поради немање пари за регистрација на возилото. Потенцираат дека технички неисправно возило е причина што автобусот не сообраќа на приградската линија до Долно Лисиче.

-Тенденциозна е намерата дека постојано имаме случаи на редуцирани возни линии, земајќи го предвид фактот дека просечната старост на автобусите е 13 години и оттука произлегува потребата за набавка на нови автобуси во возниот парк на ЈСП. Имено, станува збор за редуциран возен ред поради исклучување на автобус кој сообраќа неколку пати на тој реон, а причина е технички неисправно возило, а не како наведеното дека се работи за финансиски проблем околу регистарцијата на истото. Јавно сообраќајно претпријатие Скопје има предвидено средства за регистрација на возилата во годишниот план за јавни набавки, и согласно тој имаме активни договори за осигурување на моторни возила од автоодговорност и технички преглед, стои во демантот на ЈСП по написите во неколку медиуми.

За состојбата во која се наоѓа јавното скопско претпријатие, информираше и новиот директор, Драги Кушовски Тој уште во месец јули ги замоли советниците во Град Скопје да остават се на страна и да започнат да работат за да им помогнат на граѓаните, со тоа ќе ја изгласаат одлуката за набавка на нови автобуси. Претпријатието веќе подолго време се соочува со недостиг на автобуси и со проблеми со превозот.

Слични содржини