Јулија Навални им порача на министрите на ЕУ: Направете повеќе за „внатрешниот круг“ на Путин да биде цел на ЕУ

од Radmila Tasevska

Вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални ја повика денес Европската унија, за време на состанокот на шефовите на дипломатиите на ЕУ во Брисел, да направи повеќе за да го таргетира „потесниот круг“ на рускиот претседател Владимир Путин.

Јулија Навални ја предупреди ЕУ да не склучува никакви договори со руските лидери, а по нејзиниот говор министрите станаа и аплаудираа, пренесува Дојче веле.

Шефот на европската дипломатија, Јозеп Борељ, денес на социјалната мрежа Икс (Твитер) објави дека ЕУ упати длабоко сочувство до Јулија Навални и повтори дека рускиот претседател Владимир Путин ќе одговара за смртта на Навални.

Слични содржини