Јунајтед со пресврт до финале на ФА Купот

од Vladimir Zorba

Манчестер Јунајтед успеа да го совлада Тотенхем по пресврт со 2: 1 и се квалификува за финалето на ФА купот.

„Црвените ѓаволи“ заостануваа во резултатот, откако Али им донесе предност на „петлите“ во 11. минута.

Санчез, сепак, изедначи во 24-тата минута, а Ерера направи пресврт по гол 62-минута.

Двобојот меѓу двете екипи беше одигран на „Вембли“ и гостите дефинитивно покажаа подобра игра на моменти.

Во својата долга историја, Јунајтед освоил 12 трофеи од ФА Купот.

Последната титула на тимот на турнирот беше од сезоната 2015/2016.
Тимот на Манчестер Јунајтед ќе спори за трофејот со Челзи или Саутемптон, кои играат утре.

Слични содржини