Нема да бараме одмазда во преговорите за Брекзит, категоричен беше претседателот на ЕК
“Британските ни пријатели треба да знаат дека, да, сакаме да имаме нормални, пријателски односи со Обединетото Кралство; дека, да, и збор не може да станува да тргнеме на војна или да преговараме во дух на одмазда со Британците, ама ако сепак Британците навистина сакаат да имаат слободен пристап до внатрешниот пазар, тие мора да се согласат да ги почитуваат сите негови правила, вклучувајќи слободното движење на работници “, рече Јункер во говор во белгискиот град Бриж.
” Европа не треба да се откажува од своите принципи за да има мир во односите со британските пријатели. Европа е Европа и ако некој сака да е дел од главното достигнување – внатрешниот пазар, тогаш секој, вклучувајќи Британците треба да ги почитува правилата “, истакна претседателот на Еврокомисијата.