” Мислам дека Србија и Црна Гора ќе станат членки на ЕУ пред 2025 година “, одговори Јункер на прашање од новинар на српската агенција Танјуг во намерите на ЕУ да ја  претстави стратегија за успешно пристапување на Србија и Црна Гора кон ЕУ.

Јункер се состана со бугарскиот премиер Бојко Борисов и изјави дека е задоволен од намерата на Бугарија да ја стави интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ меѓу приоритетите за време на европредседателството во првата половина на 2018 година

Во средината на мај во Софија ЕУ организираше состанок со водачите на земјите од Западен Балкан.

” Сакам да повторам дека верува оти е потребно да се задржат шансите на Западен Балкан за ЕУ. Во оваа фаза се чини невозможно да се прифаќаат нови членки во 2019 година, но сакам европската перспектива да не се гледа како покана, туку како постојана потреба во овој дел од Европа “ , рече Јункер.

Тој, исто така, објави дека планира да го посети Западен Балкан во пролетта 2018 година.