Јуве и Тотенхем ќе решаваат на „Вембли“, Сити веќе во 1/4-финале на ЛШ

од Vladimir Zorba

Италијанскиот шампион Јувентус и Тотенхем одиграа спектакуларен натпревар, откако одиграа 2:2 во нивниот прв натпревар од 1/8 финалната фаза од Лигата на шампионите.

Головите за домаќините ги постигна Игуаин во првото полувреме, а за гостите прецизни беа Кејн и Ериксен.

Така, „петлите“ ќе имаат предност од два гола пред реваншот во Лондон, каде и со реми 0: 0 иле 1: 1 ќе се квалификуваат за 1/4-финалето.

Реваншот помеѓу двата тима е на 7-ми март.

Швајцарскиот првак Базел пак загуби катастрофално дома од лидерот во англиската Премиер лига Манчестер Сити со 0: 4 во првиот нивни натпревар.

Головите за „небесно-сините“ ги постигнаа Гундоган (14 и 53), Бернардо Силва (18), Серхио Агуеро (23).

Така, „граѓаните“ практично го елиминираа противникот и сега гледаат кон 1/4-финалето на најпрестижниот европски клубски турнир.

Слични содржини