Кабинетот на Пендаровски за скандалозниот допис на Чулев: Не знаеме кој е мотивот

од Aleksandar Todeski
538 прегледи

Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски бил информиран за скандалозниот допис во Министерството за внатрешни работи на техничкиот министер Наќе Чучев, а со кој се бара да се вратат возила кои се дадени на користење кај претседателот Пендаровски, техничкиот премиер Оливер Спасовски и директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски.

„Информирани сме дека постои интерен допис во рамките на МВР во кој се бара враќање на едно возило кое го користи претседателот. Не знаеме кој е мотивот за ваквиот допис, но напоменуваме дека безбедноста на претседателот е законска обврска на МВР“, велат од кабинетот за претседателот за Локално.

Инаку, пакетот обезбедување кој го добива претседателот на државата е регулиран согласно закон, па од тука одлуката на Чулев преку дописот да се бараат возилата кои министерството ги дало на користење кај претседателот е противзаконска.

Претходно, дополнителната заменик-министерка во МВР, Славјанка Петровска за Локално изјави дека била изненадена од одлуката на техничкиот министер Наќе Чулев. Таа истакна дека се обидела да контактира со него со цел да го праша дали се работи за недоразбирање, но откако не добила одговор, му испратила допис.

Александар Тодески

Слични содржини