Каде е Бред? Анистон со голема забава го прослави роденденот

Во вторникот Џенифер Анистон го прослави 51 роденден, но на прославата не го повикала Бред Пит. Додека сите зборуваат за нивното смирување, актерката се забавува со пријателите, а за поранешниот сопруг не ни зборвува.

Иако, минатата година холивудскиот заводник бил на роденденската забава на Анистон, оваа година не се појавил. Дали поради тоа што ја кријат својата врска од јавноста или едноставно не бил повикан, се само шпекулации.

Анистон, забавата ја организирала во еден ресторан на луксузрен хотел, каде собрала голем број на пријатели и колеги. Веднаш по неа, пристигнале и нејзината најдобра пријателка Кортни Кокс, а потоа и Елен Деџенерис и други јавни личности. Интересно е тоа што преку социјалните мрежи, роденден и честитал и поранешниот сопруг Џастин за кого се омажи во 2015, а разведе во 2017 година. Меѓутоа, славењето на Анистон падна во втор план, бидејќи светските медиуми пишуваат за нивното смирување со Бред. Така еден американски таблоид откри дека Бред и Џен се виделе и дружеле на афтерпартито на Оскарите.

– Прво му честиташе на Оскарот и немаше збунка како минатиот пат, кога му се лизна од раце. Кратко разговараа за да не привлечат внимание и потоа секој отиде на своја страна – рече еден од присутните на забавата.

Од друга страна, пријател на Бред откри дека тие се во врска.

– Ја обновија романсата и не сум ги видел толку среќни со години. Мислам дека таа никогаш и не преската на го сака, иако и го скрши срцето. Ѝ требаше многу време, но се му прости – рекол пријател на Анистон.

Слични содржини