„Каде го најде толку згоден?“: Северина среде пустина со непознат маж (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Северина моментално е во Јордан и секојдневно објавува нови фотографии од таа локација.

На една од фотографиите таа покажа како го поминува времето во пустина. Севе носеше бела марама околу главата, носеше бела кошула, очила за сонце и пар златни ланчиња околу вратот.

Сепак, поголемо внимание привлече нејзиниот возач.

„Сонувајте ги вашите соништа со отворени очи и остварете ги…“, напиша таа на фотографиите, но никој не обрна премногу внимание на нејзините инспиративни пораки, туку многумина се фокусираа на згодниот возач.

„А каде го најде толку згоден среде пустина?“, ѝ напишала актерката Ана Груица и набрзо доби голем број лајкови.

Слични содржини