Ако веќе го потрошивте годишниот одмор, или сакате да го поделите на неколку кратки патувања, порталот Travelsupermarket направи избор на најевтините градови за кратки патувања, како „викенд-бегство“ наречени city break.

Престолнината на Литванија, Вилнус, е избрана за „Г точка на Европа“ и се смета за најевтина привлечна дестинација во Европа за кратко патување.
Таму има пристапни цени на сместување и храна, особено на пиво.
Градовите во Западна Европа по овие критериуми се најдостапни за „градските викендаши“.
Братислава во Словачка се најде на второ место. Викенд таму ќе ве чини двојно помалку отколку во Будимпешта.

Најевтино пиво има во Софија, соседна Бугарија. Италијанскиот град Торино е на трето место како најдостапна европска дестинација за урбан викенд, а француски Лион е на четврто место. На петто место на листата најевтини дестинации за кратко патување е Краков во Полска.
Западноевропските градови се одлични места за одмор. Ако изберете помалку популарна дестинациј може да заштедите пари и ќе имате повеќе место во градот за себе, вели експертот за туризам на Travelsupermarket Ема Колтурст.
Од друга страна, Дубровник, Хелсинки и Бриж се најскапи градови за краток одмор во есен и зима.
Рејкјавик во Исланд се смета за едно од најскапите места за одмор на неколку дена.