Кадиров: Делимханов е жив, молчев за да ги засрамам Украинците

од Stefanija Kuzmanovska

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека еден од неговите највисоки команданти, Адам Делимханов, е жив.

На овој начин тој ги демантираше информациите дека Делимханов бил убиен или ранет во Украина.

Делимханов ја предводи чеченската дивизија на руската национална гарда и исто така е член на рускиот парламент.

Кадиров во средата на Телеграм напиша дека Делимханов е жив и здрав и дека не е ниту ранет.

Кадиров изјавил дека од почетокот знаел дека Делимханов е неповреден, но дека молчел за, како што рече, „да ги засрами украинските медиуми“ кои известуваат за наводната повреда на командантот, пренесе „Ројтерс“.

Рускиот телевизиски канал Звезда претходно во средата објави, повикувајќи се на парламентарната прес-служба, дека Делимханов е ранет во Украина.

Ова следеше откако на украинските социјални мрежи се појави информација дека чеченски командант е убиен во артилериски напад на југот на Украина.

Слични содржини